Ние слушаме
Ние учиме
Ние се грижиме.

Кои сме ние.


 

Здружението на граѓани „Универзитетот Трето доба-Скопје“ е автономна, базирана на самопомош граѓанска организација, која преку едукативни, културни, работни и забавни активности ги оживотворува принципите на доживотното учење и активната партиципација на нејзините членови во општеството.

 

Здружението работи исклучиво на волонтерска основа и се потпира на напорот на неговите членови да создадат амбиент на соработка, дружење, учење и размена на искуства со луѓето кои сакаат преку доживотното учење, да создадат можности за активен и достоинствен живот во трето доба. 

Како започнавме

Нашата историја

Здружението на граѓани „Универзитетот Трето доба-Скопје“ е основа по иницијативата на Националниот центар за континуирано образование за социјален развој при Физолофскиот факултет-Скопје и Активот на пензионираните просветни работници при Домот на просветните работници-Скопје во 1999 година.

Нашите цели

Основни цели на Здружението се: 

  • да се охрабрат возрасните луѓе да си помагаат едни со други, да стекнуваат и разменуваат знаења, вештини, искуства и интереси, и да трасираат и откриваат нови хоризонти преку учење низ целиот живот; 
  • да се поттикнува задоволството и бенефитите од повторното активирање и ангажирање, како и да се користат капацитетите и потенцијалите на постарите луѓе и нивната вредност за општеството; 
  • да ги следиме новините на современиот живот, да не заостануваме да не прегази времето; 
  • да се охрабри инсталирањето на „Универзитетот Трето доба“ во секој дел на нашата земја, каде за тоа има интерес и услови.

Доколку пробудивме интерес кај вас

This website is created with Website Builder - Ucraft
i want a website like this
Ucraft is a free website builder that provides web designers, marketers and business owners with a set of web design tools to start their next awesome project in minutes. No coding or designer skills needed. Go to Ucraft